
Ана Бојаџиев, работам во Општина Апелдоорн во одделот за финансии. Сопственик сум на фирмата Ohrid4u. Во Холандија 5ти Мај е Ден на Ослободувањето. Така што секоја година се чувствувам екстра празнично.
Денес славам 46 години. Роденденот е ден кога барем за миг застануваме и се сеќаваме, размислуваме за тоа што сме поминале и што сме оставиле зад себе. Покрај успешната кариера, најповеќе се гордеам со мојот син кој оваа година направи 22 години. Роденденот секогаш го славиме скромно со целото семејство и најблиски пријатели. Изминатите две години беа како мал потсетник дека ништо не е загарантирано. Секојдневието, здравјето и слободата зазедоа нов правец. Затоа за мојот роденден ќе посакам здравје, мир и подобра животна перспектива за новите генерации.
Погледајте како јас го пропагирам мојот убав Охрид низ светот.
Публицитет.мк







