• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Софија Тренеска од ОУ „Христо Узунов“ во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик

април 19, 2017
in Uncategorized

Додека течат последните подготовки околу патрониот празник и прославувањето на 40 годишнината од постоењето на ОУ “Христо Узунов”-Охрид, пристигна уште една  одлична  вест.

 Имено, Софија Тренеска, ученичка во IX одделение успеа да се пласира во финалето на  Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders.

Hippo натпреварот како единствен од таков вид , се одржува по петти пат и е наменет за ученици од 9-19 годишна возраст во јавните и приватни училишта од целиот свет. Примарна цел е да се промовира англискиот јазик и да се негува меѓусебната  соработка и здравиот натпреварувачки дух помеѓу младите. Претходните години имаше по 44.000 учесници од 1500 училишта од многу земји во светот кои се натпреваруваат во 5 категории.

Софија успешно ги помина прелиминарниот натпревар во Охрид и регионалното полуфинале во Скопје и влезе во 20-ината финалисти во нејзината категорија кои доаѓаат од Италија, Бугарија,Романија,Монголија, Кина, Русија, Украина, Малезија,Босна и Херцеговина,Хрватска,Словенија, Црна Гора, Србија,Македонија, Албанија,Латвија.

Заедно со својот ментор,наставничката по англиски јазик Елена Ничевски ќе учествуваат на големото финале кое се одржува на 13-14 мај во Lido di Jesolo(Венеција), Италија.

Успехот на Софија на ова престижно натпреварување е уште еден доказ за квалитетот на наставата во училиштето, за посветеноста на наставниот кадар и учениците во остварувањето на заедничката цел-креирање кадри кои со своето знаење во иднина ке бидат носечки столбови во општествениот живот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 67
Share
Previous Post

Во Св. Богородица – Каменско литургија по повод „Источен петок – Балаклија“

Next Post

Во охридските училишта се’ повеќе деца имаат деформитети на ’рбетот – како да се спречи појавата?

Next Post

Во охридските училишта се’ повеќе деца имаат деформитети на ’рбетот - како да се спречи појавата?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 67

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk