Водечкиот Британски магазин за соул музика ‘Soul Survivors’ по повод својот 10 годишен јубилеј издаде компилација на која покрај некој од најзвучните светски имиња во соул, џез и фанк музиката како Incognito, Fatback Band, Bill Curtis, Leroy Burgess, Shalamar, Omar и т.н. се најде и темата ‘In The Open Space’ на Владимир Четкар.
Компилацијата е издадена од престижната Британска Музичка куќа Expansion Records.
Во неодамнешната рецензијата за оваа компилација на Sonic Soul од Германија го опишуваат Владимир Четкар како долгогодишен фаворит и музички избор со кој нема промашување.
Отворете ги линковите – првиот е на германски, вториот на англиски јазик. Во нив е целата содржина на рецнзијата на компилацијата во која е застапен и нашиот Четкар.
Публицитет.мк