Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид неколку години со ред го реализира проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонијаˮ во соработка на Коалиција „ Сега“ и Бирото за развој на образованието.
За таа цел формиран е тимот за ресурсен пакет кој го сочинуваат предметни наставници и педагошко-психолошка служба. Транспарентно по пат на избори во училиштето е формирана Ученичка заедница (УЗ). Од истата се конституира Ученички парламент кој го сочинуваат претседателите од секоја паралелка. Најпрво со гласање се избраа претседателите на генерација, а потоа ученичката Мартина Ѓорческа III-5 беше избрана за претседател на УЗ. Највисоко тело на Ученичката заедница е функцијата – Дете правобранител која успешно и со голем ентузијазам ја извршува Милена Никлеска, ученичка од III-1 клас.
-Средношколците при СОСУ „Св.Кирил и Методијˮ, Охрид ја покажаа хуманоста на дело во повеќе наврати оваа учебна година Под раководство на Тимот за ресурсен пакет кој го сочинуваат предметни наставници: Доца Цветкоска, Милена Јакшоска, Елеонора Куноска, Мери Лалакоска, Марија Симјаноска и Андријана Паскали од педагошко-психолошката служба и со тоа сме посебно горди, вели директорката на училиштето Славица Костоска.
На ова се надоврзува професорката по македонски јазик и литература Доца Цветкоска, која вели: – Младите срца знаат да сакаат, да сочувствуваат и да подаруваат. Тие знаат да дејствуваат во вистинско време и на вистинско место. Со успешна координација на тимот составен од учениците: Мартина Ѓоршеска, Јаков Јованоски, Милена Никлеска, Никола Тодороски, Александар Шиникоски беа купени новогодишни пакетчиња и беа подарени на деца од социјално – ранливии семејства. Паралелно со тоа се подготвуваше и предновогодишна забава со план да се одржи во училишната сала, но од почит кон ненадејно починатиот градоначалник Јован Стојаноски забавата беше откажана, а заедничката енергија беше пренасочена кон активности во хумани цели. Така ја спроведовме акцијата ,,Нова година за сите”, вели Цветкоска.
Со собраните средства беа направени 20 пакетчиња кои им беа донирани на деца од социјалните семејства. Водечката улога во акцијата ја имаа учениците: Мартина Ѓоршеска, Јаков Јованоски, Милена Никлеска, Никола Тодороски и Александар Шиникоски.
-Задоволство е да се видат насмеани лица ние со оваа акција сакаме да ги поттикнеме и другите луѓе да бидат хумани. Раката што дава не се суши. Нивната среќа е и наша среќа. Да го направиме нивниот детски свет уште поубав.“ – изјави Мартина Ѓоршеска ,претседател на ученичката заедница на СОСУ„св.Кирил и Методиј“
-Нашата цел со оваа хуманитарна акција бе да нацртаме насмевки на лицата на тие дечиња, бидејќи најважното за овој период од годината е сите дечиња да бидат подеднакво среќни и да ја почуствуваат новогодишната еуфорија. Прекрасните насмевки кои ги добивме за возврат ни ги стоплија и исполнија нашите срца.“- изјави Милена Никлеска , Дете правобранител на СОСУ„св.Кирил и Методиј“.
Публицитет.мк