И покрај сите наши укажувања, надлежните институции инволвирани во нелегалните градежни работи на и околу Али пашината џамија во Охрид, продолжуваат со својот молк и непреземање на соодветни акции и стануваат соучеснци во опасни криминални активности, велат од охридското здружение СОВЕСТ.
Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни рааботи, а за нив нема дозвола од ниедна институција.
Актуелниот Министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презеде тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици.
Здружението СОВЕСТ веќе не верува на непоткрепени и неисполнети ветувања и затоа ќе поднесеме соодветни кривични пријави. Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно – инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија, а за тоа благовремено ќе ја известиме јавноста во наредните денови,стои во соопштението од Здружение на граѓани СОВЕСТ Охрид.
Публицитет.мк