Јавно го прашуваме градоначалникот Јован Стојаноски поважни се политика и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ – Охрид и се додава:
За изборите им ветуваа с`е и сешто на жителите на Косел и Железничка само за да ги добијат нивните гласови а сега ги нема да се појават меѓу нив кога им е најпотребно.
Зошто градоначалникот и пратениците Тунтев и Лазаревска не се на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од поплавата? Земаат од народот пари за патни трошоци за да не се јавуваат за помош на охриѓани? Ја повикуваме Локалната самоуправа веднаш да реагира за да им се помогне на поплавените граѓани затоа што токму овие проблеми на жителите на Косел и Железничка беа посочени како горлив проблем од Градоначалникот во предизборието кој пак вети дека ќе ги реши. Уште еднаш се докажа дека на Градоначалникот и СДСМ не им е до граѓаните и не покажуваат солидарност со настраданите граѓани и меѓусебна соработка за надминување на последиците од поплавата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Публицитет.мк