
Спортската сала „Билјанини Извори“од Охрид ќе биде регионален центар за вакцинација, по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Деновиве ќе се изврши и дезинфекција на објект, влезовите и паркинг-просторот пред салата.
Во понеделник треба да пристигнат и параваните за физичко одвојување на лицата при вакцинацијата, а ЈП „Билјанини извори“ нарача и нов агрегат за електрична енергија. Од Центарот за јавно здравје во Охрид соопштија дека веќе е пристигната и комората за чување на вакцините.
Во оваа сала ќе се спроведува масовна имунизација на населението од општините: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Терминот на почеток на имунизацијата се’уште не е утврден , но најверојатно тоа ќе се случи до крајот на идната недела.
Публицитет.мк







