
Оваа сабота ви го најаваме видео записот за песната ,,I love you 2 Times’’ проект на Никола Тони кој беше работен подолго време со професионален тим снимен во аудио и видео формат.
Проектот првобитно беше презентиран во аудио формат за потоа да биде претставен во видео запис каде тапаните и перкусиите се снимени во живo.

– Песната Nikola Toni – I love you 2 Times (Original Mix) – LIVЕ ги содржи сите авторски права.Благодарност на целиот тим кои беа дел од проектот: Бојан Угриновски, Димче Китрозоски,Жармена Китрозоска,Мишко Силјаноски,Илија Димитровски,Зоран Кречо,Мега продукција – Охрид. Дискотека Парк – Охрид. Верувам дека аудио,видео записот ќе биде дел од сите нас во периодот што ни престои, вели за Публицитет.мк познатиот македонски тапанар, музички селектор и диџеј, Никола Тони од Охрид.
Публицитет.мк







