Таа 1968 година на тогаш многу популарниот Скопски фестивал во Универзалната сала во Скопје сите композиции се пееле во алтернација.
Песната „Срамежливи“ на музика и аранжман од Александар Џамбазов ја пееле дуетите: Виолета Томовска и Диме Поповски и Љупка Димитровска и Зафир Хаџиманов.
Благодарение на Интернетот и Јутјуб ја пронајдовме изведбата на Љупка и Зафир, како и едноо парче од Скопскиот фестивал од 2011 на кое во паузите Томовска и Џамбазов помладиот – Игор не потсетија на „Срамежливи“.
Се надеваме , има се’ уште луѓе кои ќе се сетат на оваа македонска мелодија со вешто скриени македонски ноти.
Публицитет.мк