Opel Kadett и неговиот заменик Opel Astra го прославуваат нивниот 80-ти роденден!
Opel Kadett за првпат на пазарот се појавува во 1936-та година, години во кои се сметал како еден од ретките вистински ривали на еден од најпопуларните автомобили VW Beetle (Буба). Всушност Kadett во тоа време бил многу помодерен од Бубата, содржел многу поголем број на новитети за разлика од останатите, како што биле моторот со водено ладење (останатите сеуште биле на воздушно), значително поцврста конструкција, но тука бил и дизајнот кој бил инспириран од неговиот поголем брат Opel Olympia.
Но после четири години Kadett започнал да исчезнува, а со почетокот на втората светска војна производството целосно запрело. Оваа пауза траела се до 1962-рата година кога германците веќе се стабилизирале, всушност тогаш повторно започнало производството на овој модел, но овој пат за промена била додадена уште една верзија – односно покрај седан верзијата со две врати била додадена и караван верзија. Но нормално во текот на производството биле претставени голем број на нови генерации, на различни модели и различни изведби, а во тој период се произведени едни од најлегендарните модели чија популарност денес расте од ден во ден.
Во 1991-та година официјално се завршува производството на Kadett, со реализирани на вкупно 11 генерации, а како што рековме голем дел од нив денес претставуваат икони во автомобилизмот. Па поради тоа Opel одлучил да не завршува комплетно производството на овој модел, туку новата генерација да се замени со ново име, поточно во истата година кога завршило производството на Kadett започнало производството на неговиот заменик Astra, што значи дека денес покрај Kadett овој роденден го слави и Astra..