Времињата си минуваат а песните остануваат, Една од оние новосоздадените која слушателите ја прифатија како своја е „Стариот фенер“. Музика и текст: Митко Колјушеви од Охрид и аранжман на покојниот Драги Митев.
Во оваа рубрика ќе ве потсетиме на песната преку аудио записот направен пред извесно време со Захаринка Милосављевиќ која заедно со групата „Цар Самоил“ за прв пат ја отпеа оваа прекрасна песна на фестивалот „Цветници 1993“ во Скопје.
Стариот фенер
песни мераклиски ечат.
Тамбури свират, виолината плаче,
боемите рани си лечат.
Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.
Кранфили бели, црвени рози
продава младата дама.
Заматен поглед, убавица млада,
сонува тажна и сама.
Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.
Во мугра се капе езерото сино,
последна тура се плаќа.
Чашите горе и здравица една
за новиот ден што се раѓа.
Стариот фенер згаснува,
се губи трепетниот сјај,
уморни тамбурашите
свират фајронт за крај.
Емисија: Луда игра Фестивал ЦВЕТНИЦИ 1993 Захаринка Милосављевиќ и ЦАР САМУИЛ – Стариот фенер Музика и текст: Митко Колјушевски Аранжман: Драги Митев Режисер: Миле Грозданоски Производство на МТВ/МРТ 1998