• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Стефан Хаџи-Николов – Хиперреалистична импресија

септември 26, 2016
in Во светот на уметноста

Еден од најактуелните и секогаш присутен сликар кој го облагородува амбиентот во Галерија „Букефал“ е Стефан Хаџи-Николов.

Сликар кој што плени со прецизноста и хиперреалистичноста на  изработката на своите дела. Трудољубивоста и трпението на карактерот на Стефан провејува низ целокупното негово творештво, иако како доминантен мотив ги има младите женски тела кои ги изработува со филигрантска прецизност,знае да ги истакне и печурките како симбол и негова пасија во секојдневниот живот.

Stefan Hadzi Nokolov3 copy

Тој се држи до една филозофска концепција за постојаноста на уметноста и нејзините вредности.

images 1 copy          download

Нејзина најголема доблест е фактот што и покрај сложеноста на сликите и неверојатниот труд на авторот вложен во нивното создавање, ликовната порака е искажана со леснотија и префинетост, така што сликите на Стефан Хаџи-Николов имаат моќ да го воведат во светот на уметноста и најнеупатениот гледач. -Токму тоа е уште една освоена битка на уметникот во името на уметноста, ќе истакне Вања Маркова, уметнички директор за неговото сликарство.

images copy

За последниот циклус слики на Стефан Хаџи-Николов Ефтим Клетников ќе напише: – Сликите ни нудат една беспрекорна рамнотежа на еротското и поетичното, преставени во ентериер на прекрасната куќа на Робевци, чија архитектура во некоја смисла во добар дел ја обликува неговата ликовна имагинација. Во трансцедентен амбиент сместени женските фигури исполнувајки го истиот со својата суптилна еротска сензуалност.Во тој ентериерен амбиент се и археолошките артефакти, мермерни скулптури, торза и релјефи кои ја сугерираат древноста и вечноста, наспроти мигот и минливоста.

Публицитет.мк 

Посетеност: 79
Share
Previous Post

Што е Крстовден и зошто се слави?

Next Post

Филмот „Ослободување на Скопје“ е македонскиот кандидат за наградата Оскар

Next Post

Филмот „Ослободување на Скопје“ е македонскиот кандидат за наградата Оскар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 79

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk