Дијабетесот е многу честа болест на денешницата. Иако можеби не сте знаеле, сепак, дијабетесот и оралното здравје имаат тесна причинско последична поврзаност . Неконтролираниот дијабет значително го зголемува ризикот од појава на орлани заболувања.
Дијабетесот е болест дефинирана со појава на високо ниво на шеќер во крвта што се јавува како последица на ниско ниво на хормонот наречен инсулин или заради неможноста на организмот да го употреби на адекватен начин.Најчести симптоми при дијабетес се : зголемен замор, жед и потреба од зголемен внес на течности , губење на телесна тежина, заматен вид , зачестено мокрење и сл. Постојат два типа дијабетес , тип 1 кој се јавува кај помлади лица , особено во тинејџерски години каде се бележи појава на целосно не лачење на инсулин во организмот и инсулин тип 2 кој е карактеристичен за лица над 40 години кај кои е забележано намалено лачење на инсулин. Дијабетесот може да е причинител на многу сериозни болести како : болести на срцето, откажување на работата на бубрезите , слепило и др. Иако оваа болест не може во целост да се излечи, сепак дијабетичарите кои водат правилна грижа за своето здравје можат да живеат долг и сосема нормален живот. Кога велиме ‘’целосна грижа за своето здравје’’ , тука секако спаѓа и грижата за оралното здравје на кое лицата со дијабет мора да обрнат посебно внимание. Главен оралнен проблем кај дијабетичарите е појавата на сува уста и почесна појава на инфекции , појава на парадентоза , а потребен е и подолг период за заздравување на третираното место по некоја орално-хируршка интервенција.
Ксеростомијата или појава на сува уста се јавува поради недостаток на лачење на плунка заради намалена работа на плунковите жлезди.Ова може да предизвика појава на разни габични инфекции, потешкотии при носење на вилици и појава на кариес , бидејќи самата плунка претставува природен чистач на забите.
Гумите за жвакање без шеќер го зголемуваат лачењето на плунка и помагаат во отстранување на остатоците од храна по оброк. Исто така лицето кое боледува од дијабет често може да има чувство на горчливост и пецкање во устата што кај некој може да е исклучиво интензивно , непријатно и болно.
Гингивитисот и периодонтитисот се болести на меките ткива , односно парадонтолошки болести кои се појавуваат како резултат на разни бактериски инфекции. Доколку навреме не се превземат мерки за нивно превенирање и третирање, ќе дојде по постепено нишање , а потоа и паѓање на забите. Заради слабата циркулација и склоноста кон инфекции , лицата кои боледуваат од дијабет почесто се склони кон појава на гингивитис ( воспаление на гингивите ) Ако ова воспаление не се лекува навреме, тоа продира кон потпорната структура на забот (парадонт ) и настанува парадонтитис што на крајот доведува до уништување на коската и губење на забот.Ризикот од појава на заболувања е поголем кај дијабетичарите пушачи. Воспаленијата обично се препознаваат како интензивно црвено , отечно ткиво кое крвари .
Лицата со дијабет мора да имаат сериозен пристап при лечењето на парадонтолошкте болести , бидејќи се поподложни на инфекции , а и процесот на лечење кај нив трае подолго.
Истражувањата покажуваат дека дијабетесот и болестите на устата се во нераскинлива поврзаност. Затоа, ако се посвети сериозно внимание на оралната хигиена можат да се избегнат голем број орални болести и компликации предизвикани од дијабетесот. Токму во поглед на оралната хигиена на дијабетичарите им препорачуваме :
–миење на забите задолжително наутро и навечер како и по секој оброк
-користење на забен конец со цел отстранување на евентуалните остатоци од храна меѓу забите
-редовно стручно отстранување на забните наслаги
-Понекогаш може и да не чувствува или да не забележи болка или крварење на непцата , па затоа со редовни стоматолошки контролни прегледи на секои три месеци може навремено да се открие евентуална појава на кариес, гингивит или парадентоза.
-Доколку при миење на забите се забележи крварење на непцата, неопходна е посетна на стоматолог.
-Најчесто стоматолошките интервенции кај дијабетичарите се практикува да се изведуваат наутро , заради продолженото крварење и евентуални потреба од дополнителна интервенција.
-При вадење на заб или некои хируршки интервенции периодот на заздравување е подолг , а хируршките интервенции се изведуваат само ако нивото на шеќер е нормално, во спротивно ќе мора да се одложи ( освен кај интервенции кои не дозволуваат одложување ).
-редовна контрола на шеќерот во крвта и следење на препораките на Вашиот лекар со цел да го држите дијабетот под контрола , бидејќи колку повеќе го контролирате шеќерт во крвта , толку помали се опасностите од појава на заболувања во усната шуплина.
-откажете се од пушењето , бидејќи пушењето го зголемува ризикот од појава на компликации не само со дијабетесот туку генерално со целокупното здравје.
-во Вашата исхрана не преовладува здравата храна со многу витамини и мало количество на шеќери.
-одржувајте ја Вашата телесна тежина и практикувајте го пешачењето како секојдневна активност.
За повеќе информации околу грижата за оралното здравје кај лица со дијабетес обартете се во нашата ординација ‘’ Д-р Сашо Стоев’’ www.drsasostoev.com
Пишува Д-р Сашо Стоев
Докотор стоматолог во стоматолошка ординација
‘’Д-р Сашо Стоев’’
Публицитет.мк