Стоматолошка Ординација ‘’Д-р Сашо Стоев’’ деновиве го прослави својот 11 -ти роденден. Како што вели сопственикот , д-р Стоев , тоа се години на континуирано вложување во професионална надоградба со цел на пациентите да им се овозможат најквалитетни стоматолошки услуги. Еднаква важност придаваат и на просторното уредување со цел пациентите да се чувствуваат максимално пријатно и безбедно при користењето на услугите во нивната ординација.
Оваа приватна здравствена ординација се издвојува од останатите и по своите уникатни проекти преку кои ја акцентира важноста на грижата за оралното здравје. Во овој контекст , како дел од проектите организирани од оваа високо реномирана приватна установа би ги издвоиле бројните едукативни посети кои ги реализираат преку традиционалната соработка која ја имаат со градинките во Охрид , на кои децата на креативен и забавен начин се едуцираат како правилно да се грижат за своето орално здравје. Со цел елиминирање на стереотипите од страв од посета на стоматолог тие ги анимираат дечињата преку најразлични видео презентации со анимирани ликови кои ги изготвуваат специјално за овие настани , а дел од нив од годинава е и препознатливата маскота на ординацијата , запчето Запко.
Потенцирајќи дека создавањето насмевка претставув а уметност , оваа ординација годините наназад успеа да реализира бројни проекти преку кои симболично ја отслика врската помеѓу нивната дејност и уметноста. Така , нивното портфолио ја бележи соработката со реномираниот кандски уметник Мајкл Клос кој како заштитно лице на ординацијата го оплемени амбиентот со уметнички дела кои ја отсликуваат моќта на намсевката како емоција.
По повод минатогодишниот јубилеен роденден, ординацијата во соработка со реномираниот македонски пејач Боби Мојсовски ја создадоа песната “Smile” ( „Насмевни се„ ) која кон крајот на минатата година го доживеа и својот видео запис.
Во соработка со студиото за професионална фотографија ‘’ Love & Life Studio “ , реализираа проект во кој преку создавање на совршена насмевка и нејзина професионална фотографија беа дел од најсреќниот ден на многу млади кои зачекорија во брачниот живот.
Преку бројни хуманитарни активности , ординацијата е добитник и на филантропско признание.
( признание за филантропија )
Веќе е познато дека нивната енергија и време воопшто не ги штедат кога се во прашање децата , па така , тимот доктори низ годините беа дел од бројни настани од спортски , едукативен и забавен карактер.
( едукативно предавање во “Јахја Кемал” –Струга )
(предавање за грижата за оралното здравје за време на бременоста )
( предавање во основно училиште во Охрид)
( дел од спортски настан организиран од страна на Црвен Крст –Охрид )
(годинава ординацијата беше поддржувач на детскиот фестивал ‘’Поточиња’’ кој за прв пат настапуваше во Охрид )
(од овогодинешниот награден фото конкурс на тема “Најубава насмевка“ )
Дел од тимот доктори во оваа приватна здравствена ординација се Д-р Сашо Стоев, дипломиран стоматолог, сопственик и основач на истата и Д-р Кристина Стојаноска Алоска , дипломиран стоматолог. Годинава Д-р Алоска се појави и како автор на илустрираната сликовница “Насмевка за петка “ во издание на Едука Мак и поддржана од Министерството за култура на Република Македонија која веќе може да се најде во продажба во книжарниците во Охрид. Тимот доктори континуирано објавуваат најразлични стручни текстови од областа на нивната професија.
Мисијата на работењето на оваа ординација е да создадат што повеќе здрави насмевки , нудејќи високо професионални услуги во исклучително современа работна атмосфера со примена на најсовремени материјали.
Нивна цел е да успеат да ја всадат навиката за грижаза оралното здравје кај луѓето уште од најрана возраст со цел таа навика да се негува во текот на целиот живот.
Со својата висока професионалност и посветеност оваа ордеинација денес е препознатлив бренд од областа на стоматологијата во Охрид , а квалитетот на нивните услуги секојдневно ги потврдува лојалноста на голем број пациенти како од Охрид , така и од странство што за нив претставува голем мотив да продолжат со еднаков ентузијазам да ја надградуваат оваа успешна приказна.
Стоматолошка Ординација “Д-р Сашо Стоев“, ул. “Никола Карев“ бб, ТЦ Трудбеник Охрид
(www.drsasostoev.com)
Публицитет.мк