Студентката Мерин Петерсон од Универзитетот во Монтреал не ни помислила какво откритие ја чека во првата година од студиите по физика. Таа открила нова егзопланета.
Петерсон и нејзините колеги пронашле планети работејќи заедно со професорот Бјорн Бенеке.
Оваа студентка собирала податоци од телескопот Кеплер на НАСА па ги поставила во програма, осмислена да помогне за идентификација на потенцијални егзопланети.
“Тоа не е како потрага по игла во сено, туку како потрага по нешто што воопшто не е таму. Сфативме дека има нешто таму кога видовме дека нешто ја блокира светлината на ѕвездата” – вели таа.
Постојат многу егзопланети со иста големина – многу се наоѓаат во Млечниот Пат и нивната орбита околу ѕвездата е слична на Wolf503b.
Со оглед на тоа што во нашиот Сончев Систем нема планети со таа големина, астрономите не се сигурни дали Wolf503b била направена од гас или карпи.
“Беше неверојатно и возбудливо. Мојот ментор вели дека ова е моја планета бидејќи јас го пишував трудот, но јас сметам дека станува збор за тимска работа” – вели Петерсон.
НАСА наведува дека секоја ѕвезда е видлива со око опкружена со планети – некои од нив во вселената се делови од мраз, а некои се гасови.
Wolf503b, новата егзопланета, е двапати поголема од Земјата. Оддалечена е од Земјата 145 светлосни години и се наоѓа во констелацијата Девица во 6. соѕвездие од зодијакот.
Извор: www.enauka.mk