Охрид е бескрајно убав и во црно – бела фотографија и без употреба на компјутерски техники за разубавување на фотките.
Фотографијата на неделата е дел од наградената колекција која покрај неа ја сочинуваат уште две фотографии од познатите цркви Св Јован -Канео и Св Климент и Св Пантелејмон кои авторот ги создал еден зимски ден во 2015 година.
Охридскиот фотограф Димче Коруноски неодамна за оваа колекција фотографии на Деновите на македонската фотографија во Битола ја освои наградата – државна плакета „Благоја Дрнков.“
Публицитет.мк