Свети Трифун е ден што го слават и лозарите и бавчанџиите.
Едни одат на лозје и закројуваат неколку садници за адет,а други – бавчанџиите влегуваат во своите бавчи и ги почнуваат подготовките пред доаѓањето на пролетта и првите градинарски активности.
Според православниот календар, денешниот ден е посветен на маченикот Св. Трифун. Голем број обичаи и ритуали кои се врзани токму со овој ден, традиционално се пренесени од колено на колено. Во минатото, 14-ти февруари претставувал најголем ден за бавчанџиите од охридскиот регион.
Кумот Миле Милошески и Климе Волкан еден од организаторите на овој традиционален настан
Токму триесеттина бавчанџии и нивните пријатели денеска по 15 пат се собраа во еден од охридските ресторани и го прославија празникот со вино, ручек и песна.
Познатиот охридски уметник Славко Упевче – утрово во Елен Камен на закројување на лозјето
Си посакаа здравје и бериќетна година лозјата и бавчите да дадат богат род и догодина живи здрави пак да се сретнат.
Годинашен кум беше Миле Милошески. Неговиот дедо бил познат бавчанџија во Охрид.
Отец Ромео Петрески на денешната богослужба
Претходно како што налаагат традициите во чест на празникот Св. Трифун бавчанџиите беа во црквата Св. Тројца во која се одржа свечена литургија.
Публицитет.мк