• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Свечено пуштена во употреба целосно реконструираната улица „ Питу Гули“

септември 9, 2015
in Тикер

Денеска во употреба беше пуштена, целосно реконструираната улица „Питу Гули“ во Охрид, чија обнова не значи само поставување нов асфалт на коловозот, туку и целосно уредување на тротоарите, како и  поврзување и одвојување на атмосферската од фекалната канализација.

На чп свечениот чин во обраќањето градоначалникот Никола Бакрачески рече: – Завршивме уште еден значаен проект за Охрид, реконструирана улица “Питу Гули“,  еден од проектите  финансирани од Светска банка, кој започна во април оваа година. Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајна артерија за Охрид, опфаќа нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по целата должина. Особено значајно е што локалната самоуправа дополнително се ангажираше за поставување на сливници за одводнување на коловозната конструкција и изградба на  целосно нова комунална инфраструктура за споредните улици, со што во иднина ќе се одбегнат прекопи на коловозната конструкција, рeкол градоначалникот на град Охрид Никола Бакрачески

ohrid3

Целиот зафат на оваа значајна сообраќајна артерија во градот,  долга 768 метри со ширина на коловозот од 7,5 до девет метри се одвиваше во четири фази. Улицата е прекриена со два слоја со високо квалитетен асфалт  со  вкупна дебелина од десет сантиметри. Изградени се и тротоари на двете страни од улицата, широки 1,8 до 2,2 метри.

ohrid4

Проект финансиран со средства обезбедени преку кредит на Светска банка, се предвидени за реконструкција на неколку поважни сообраќајници низ градот и околните населби, изградба на два кружни текови на булеварот „Туристичка“, од кои оној на пресекот со улица „Бистрица“ веќе е завршен и функционален, како и за набавка на пет нови возила за потребите на ЈП „Охридски комуналец“.

ohrid5

 Општина Охрид  најави и почетокот на градежните работи околу изградбата на кружен тек на улицата „Стив Наумов“, како и на најфреквентното место во градот – крстосницата на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Македонски просветители“

Посетеност: 139
Share
Previous Post

Општина Охрид со реакција на соопштението на СДСМ – Охрид:„Нивниот плач е потврда дека сме на вистинскиот пат“

Next Post

Мириса на есен…

Next Post

Мириса на есен...

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 139

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk