Есен во најава, тотално во нејзин стил.
Ако до пред пет дена се ладевме со лепези, веќе денес сфативме дека летото 2015 заминува во историјата.
Како мириса есента? Мириса на дожд, мириса на ајвар, мириса на збогум. Сепак, збогум не во онаа депресивна смисла, туку повеќе од аспект на период на транзиција. Среќа, есента знае раскошно да ги спушти лисјата и да ги покаже сите свои супер моќи, пред да го пушти последното ливче.
Дефинитивно имаме 1.000 причини да и се радуваме.
Есента е совршено време за фотографирање
Лудило од бои и многу простор за имагинација
Есента е време за нови планови, надежи, книги, училиште…
Есента е совршена за симпатична носталгичност и скокање врз купиштата од лисја
Кога сакате да се одморите, повикајте ја природата или таа ќе ве пронајде вас
Есента поттикнува на прошетки
Микс од чистиот воздух заситен со есенски вкусови
Период на слатките шумови
Ако беше животно, есента ќе беше лисица – црвена, игрива, мека и пријатна
Таа ги отвора своите страни и несвесно сме нурнати во сликовница
Ги собираме плодовите и започнуваме од почеток
Бидете дете, побарајте ја магијата во секојдневието
Направете пита од јаболко, или подгответе се за зимата
Облаци, сонце, пејзажи
Сè се менува…
…но вие не заборавајте да направите традиционален есенски пикник со најблиските
За време на вечерните часови уживајте во шолја чај и фрлете поглед на боите – помилувајте ги и дозволете и на есента да ве инспирира

Извор: 365.com.mk






















