Слабите резултати на главните економии во развој ќе и наштетат на светската економска активност.
Во 2016 година ќе има благо забрзување на економскиот раст од 2,4% за минатата година на 2,9%. Ова се вели во извештај на Светската банка за економскиот раст во 2016 година. Предвиденото зголемување во јануари е помало од тоа во јуни.
Од институцијата сметаат дека во изминатата година економскиот раст ќе се покаже помал од очекуваниот, а причина за што е намалувањето на меѓународната трговија и капитални текови, флуктуациите на финансиските пазари и падот на цените на нафтата. Така започна и 2016 година, а знаците на слабоста во Кина веќе предизвикаа огромни потреси на финансиските пазари, а цените на нафтата удриле нови повеќегодишни нивоа.
Најголемите пазари во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка истовремено забележуваат забавување, но ситуацијата во Кина може да има значаен негативен ефект врз останатите земји во светот. Очекувањата се икономмиката на земјата да порасне за 6,7% оваа година покрај растот од 6,9% во 2015 година.
Светската банка предвидува новите економии да нараснат со 4,8% по достигнатото посткризно минимално ниво на раст во 2015 година од 4,3%.
Економиите на земјите со висок приход ќе забележат раст од 2,1% оваа година во однос на 1,6% во 2015 година Очекувањата се руската и бразилската економија да продолжи да се намалува. Прогнозите за Русија се смалуваат со 0,7%, а за Бразил со 2,5%.
БДП на еврозоната ќе се зголеми за 1,7% оваа година. Прогнозата во јуни очекува 1,8% кај економски раст со 1,5% за изминатата година.
Помал од очекуваниот економски раст и на САД. За 2016 година се очекува зголемување на американскиот БДП од 2,7% (при претходната прогноза за раст од 2,8%) по економска експанзија со 2,5% во 2015-та година.
Извор: faktor.mk