• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Што правеле тие по првата година од дипломирањето?

јануари 8, 2016
in Занимливости
Сечија прва година по дипломирањето е тешка и интензивна.
Тоа е годината во која за прв пат се сретнуваме со реалниот свет и откриваме од што сме направени. Таа е и годината која дефинира многумина. Можеби не е толку битно што правиме во неа, туку како се носиме со тоа. Како завршиле овие луѓе во продолжение знаеме, а како почнале? 

Алберт Ајнштајн Верувале или не, еден од најголемите умови на сите времиња во првата година по студирањето се борел со невработеноста. Иако добил диплома за професор по математика и физика, тој не можел да најде работа дури две години по дипломирањето, а најмногу затоа што професорите не сакале да му напишат препораки. Првата работа на Ајнштајн била помошник во швајцарската канцеларија за патенти. 

Двејн Џонсон Пред да стане еден од најголемите ѕвезди во акционите филмови, популарниот актер се обидувал да стане професионален играч на американски фудбал. По студиите, тој започнал да игра во канадската лига, но договорот му бил прекинат по само два месеци. 
Хилари Клинтон Откако дипломирала, Клинтон се вратила дома, кадешто работела во фабрика за преработка на лосос. Првото лето по факултетот таа го поминала вадејќи утроби од риба. Таму добила отказ откако кажала дека некои риби ѝ изгледаат расипано. 
Опра Винфри Познатата водителка првата работа ја нашла во локална телевизија во Балтимор, кадешто работела како водителка на утрински вести. Таа била отстранета од позицијата по седум месеци. 
Карлос Слим Најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, отсекогаш имал нос за пари. Откако завршил факултет во Мексико сити, започнал да работи како агент на берзата, а основал сопствена фирма на 25-годишна возраст. 
Ангела Меркел Германската канцеларка, можеби и најмоќната личност во Европа, по завршувањето на факултетот се пријавила за работа како асистент, но била одбиена. Таа потоа се запишала на последипломски студии и 12 години го пишувала својот докторат од квантна хемија и работела како истражувачки асистент.
Извор: fakulteti.mk 
Посетеност: 134
Share
Previous Post

Светската банка ги намали прогнозите за економскиот раст

Next Post

Димитриевски: Крапот се враќа во каналот Студенчишта – но што сторивме со најголемиот зимовник на крајбрежјево?!

Next Post

Димитриевски: Крапот се враќа во каналот Студенчишта - но што сторивме со најголемиот зимовник на крајбрежјево?!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk