Светската банка одобри кредит од 25 милиони евра за подобрување на општинските услуги во Република Македонија, за подобрување на нивната транспарентност, финансиската одржливост и инклузивната испорака на општинските услуги низ целата земја.
Овие пари ќе може да се користат и за инфраструктурни инвестиции, како што се водовод, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност во општинските згради… Од 80 општини, 57 ќе учествуваат во користењето на овие средства.
Светска бамка информира дека овие пари ќе можат да се користат по завршувањето на претстојните парламентарни избори.
Претходно и германската банка КФВ кредидот од 39 милиони евра за топлификација на Битола го услови со директна исплата на изведувачот на работите, и тоа само откако ќе бидат завршени работите и со силен меѓународен надзор.
Минатата година кога Македонија ја издаваше еврообврзницата од 250 милиони евра, странските банки, освен потписот на министерот за финансии Зоран Ставрески, бараа потпис и од дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
Пред два дена Наумов упати апел до домашните банки пред најавеното задолжување кај домашните кредитори, дека без негова согласност државата не смее да се задолжува. Но овој апел не го слушнаа домашните банки и вчерашната аукција на државни хартии од вредност заврши и повеќе од очекуваното за државата. Беше најавено дека државата ќе се задолжи со 15,5 милиони евра, колку што денес треба да врати, а се задолжи 31 милиони евра.
Извор: mkd.mk