• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Тевдоски од СДСМ од Охрид порача: – Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија.

септември 22, 2016
in Аргументи за

Денес сме во Охрид. Тука во разговаравме со сопственици на малите бизниси и ги слушавме мислењата на граѓаните. Тие едногласно кажуваат дека тешко се врзува крај со крај во месецот.

 

 

Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ за медиумите во Охрид изјави: 

За да се подобри животниот стандард на мнозинството на граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а немаат приходи од капитал, потребно е да растат платите во Македонија.

Освен минималната плата што ќе биде зголемена, ќе стимулираме отворање на добро платени работни места кои ќе обезбедат ликвидност во домашните фирми, а притоа нема да го рушат фондот за ПИОМ. Така, на малите и средни претпријатијата, кои ќе вработат невработени лица до 50 години возраст и ќе им дадат плата еднаква или поголема од просечната, ќе им се додели поддршка во висина од 9.000 денари за исплатена месечна бруто плата, во период од 12 месеци. Вкупната сума за поддршка за 12 месеци, претпријатието ќе ја добие на почетокот на првиот месец и таа ќе изнесува 108.000 денари.

За вработување на невработено лице над 50 години возраст, ако бруто платата е повисока од просечната, на претпријатието ќе му се доделат 162.000 денари на почетокот на првиот месец. Оваа мерка ќе важи и за вработување на лице од државната и јавната администрација, ако бруто платата е повисока од просечната, и во овој случај вкупната сума на поддршката што претпријатието ќе ја добие почетокот на првиот месец ќе изнесува 72.000 денари.

Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија. После 11-ти декември ќе се избориме за пристојни плати и подобар животен стандард за граѓаните во Македонија.

Извор: www.sdsm.орг.мк 

 

 

 

 

 
Посетеност: 95
Share
Previous Post

Одбележан денот без автомобили – сите на велосипед

Next Post

Филмски премиери во септември(2)

Next Post

Филмски премиери во септември(2)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 95

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk