Овие денови кога влеговме во Новата година и кога си посакуваме таа да биде подобра од изминатата со желби за добро здравје, среќа и подобар живот, една од најслушаните пригодни песни која говори за Новата година , секако е композицијата „Среќна Нова година“ во исполнение на шведската група АББА.
Песната се наоѓа на нивниот албум „ Супер трупер“од 1980 година. Ја напишале Бени Андерсон и Бјорн Улвеаус.
Интересно е дека првобитниот наслов на песната бил „Тато немој да се напиеш за Божиќ“и таа требало да биде повеќе духовита а помалку свечена. Иако таа била снимена во февруари 1980 година , на англиски јазик не била објавена како сингл се’ до 1999 година и прославата за новиот милениум.
Во Шпанија, Северна и Јужна Америка е објавена шпанската верзија на песната именувана како „Felicidad“.
Синглот од песната „ Среќна Нова година“ во 2008 година повторно е издаден во неколку држави и постигнал забележителен успех. Така во Данска се искачил на 25 , во Норвешка на 11 а во Шведска на 4 место на националнато музичко скалило.Следната година ,2009,обновеното издание на песната во скандинавските земји повторно се нашла меѓу првите пет а во Холандија меѓу првите десет на националните музички топ листи.
Групата АББА се распадна во 1982 година по десетгодишната успешна музичка кариера.
AББА беа почестени на прославата на 50-годишнината на Евровизискиот натпревар во 2005 година, кога нивниот хит “Ватерло” беше избран за најдобра песна во историјата на натпреварот. Групата беше воведена во Рокенрол Хал на славните во 2010 година. На 27 април 2018 година беше објавено дека бендот има снимено две нови песни по 35 години неактивност, при што првата – “Јас се уште имам верба во тебе” – требаше биде објавена во декември 2018 година.
Потсетување на овој голем хит на групата АББА кој секоја Нова година и по толку години е повторно актуелен и слушан со задоволство.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк