Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец за филмот „Держава Вевчани – Карневал“ на штотуку завршениот 26 интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300 – Милтон Манаки“ во Битола во конкуренција од 53 филмови од Македонија и странство ја доби Златна плакета за најдобра монтажа.
Документарецот е снимен пред една година и зборува за Вевчани и за дедо му, 95 годишниот Борис Иваноски Бомбе ( сега веќе покоен )кој раскажува за карневалот.
Петар Узуновски од Струга од истот фестивал во Битола се враќа со Златна плакета за најдобра идеја – за филмот „Жртви на технологијата“.
Публицитет.мк