Климент Наумов од Охрид на својот фејсбук профил објави фотки во кои се гледа дека денеска на 4 ноември се капи во езеро.
Зад нас полека останува сончев, убав и топол ноемвриски ден кој измами многумина да ужваат во синилото и прошетките крај езерото.
Климент Наумов е еден од поранешните фаќачи на крстот за Водици во Охрид, работи на Факултетот за туризам и угостителство а денешното капење најдобро му прилега и на функцијата претседател на здружението на туристички водичи „Кеј“ од Охрид. Подобра реклама од оваа дека и во ноември храбрите можат да се капат во Охрид, сигурно нема.
Публицитет.мк