• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Томислав Османли: „Честитка со идиличен мотив“

јануари 6, 2020
in Во потрага по трајната убавина
Томислав Османли: „Честитка со идиличен мотив“

Во овие празнични денови пред , за и по Божик за сладокусците на кусите раскази Публицитет.мк со дозвола од авторот ќе сподели – објави ЧЕТИРИ БОЖИКНИ МИНИЈАТУРИ од познатиот македонски писател, новинар и публицист Томислав Османли. Веруваме и знаеме една по една минијатурите ќе ви ја допрат душата и ќе Ве натераат на размисла за животот. 

Честитка со идиличен мотив

Главната улица ја покриваше превез од тенка магла. Во далечината, од Плоштадот, низ неа пробиваа замачкани светла од празничната декорација на градот. Врвулицата од народ споро течеше заедно со џагорот, на сите страни. Цели семејства разгргорено излегува од продавниците и застануваа на тезгите соновогодишни годишни украси и честитки. Насекаде ечеше гласна музика од уличните продавачи на касети. Над главите на минувачите се протнуваа шарени хелиумски балони на конец. Во оближните кафиња седнуваа, уморени од пазарењето, луѓе со насмевки на усните.
Низ турканицата споро се пробиваше еден висок човек во години, со уреден изглед и издолжено, мазно избричено лице под сивата капа од филц. Местејќи ја свилената париска шарпа под јаката на темното тешко палто, стариот господин шеташе наоколу со погледот, незаинтересирано регистрирајќи ги физиономиите зад излозите на блиските продавници. Потоа одново го враќаше кон тезгите спокојниот, господствен, поглед кој пробиваше под неверојатно густите, сосем бели веѓи, внимателно разгледувајќи ги честитките и однесувајќи се како сето време на овој свет да е негово. Поземаше во рацете некои од нив, а кога честиткарите ќе забележеа дека стариот господин се интересира за поскапите примероци, му ги нудеа најлуксузните честитки изложени на нивните тезги. Господинот го привлекуваа снежни пејзажи со идилични зимски претстави и човечки фигури.

49822921 2349364145087229 8871709370312818688 n

Еден продавач му понуди две големи честитки со шеретски насмеан и разголен Дедо Мраз што распакува една бујна убавица свиткана со широка розова панделка. Стариот господин го погледна со поднасмевнат поглед. ,,Малку се детински”, му рече господинот, испуштајќи пареа од својот длабок глас.
„Имаме и со музика”, рече честиткарот триејќи ги смрзнатите раце и, шмркнувајќи со смрзнатиот нос, додаде „честитки што свират”. ,,Тоа е помалку важно, рече господинот, но дајте да видам”. Продавачот му ја покажа честитката на која беше насликана снежна улица од деветнаесетвековен град, ноќе. По улицата на која светеа запалени фенери се движеше еден пајтон, покрај една куќа со осветлени прозорци низ кои се гледаа делови од свечено украсена елка, богата празнична трпеза и две женски раце што свиреа на клавир. Под сето тоа беше развеана црвена лента, на рабовите украсена со божиќно зеленило на која со златни готски букви, на англиски пишуваше „Среќен Божик”. Кога се отвораше честитката, се вклучуваше механизмот и почнуваше да се слуша пријатна музика, како да ја произведуваа рацете што свиреа на клавирот во топлиот празничен дом.
,,Дајте ми ја оваа”, испушти малку пареа господинот. ,,Само една“, рутински праша честиткарот. ,,Доволно е”, здржано одговори господинот и му плати.
Потоа отиде во оближното кафе, порача чај, го извади пенкалото и на честитката, со убав крупен ракопис напиша „Среќни празници со најубави желби” но не се потпиша под тоа. На пликот ја напиша адресата на примачот. Покрај него, еден разбушавен полн човек со многу шарена кравата гласно викаше во слушалката на мобилниот телефон. Господинот, незасегнат од тоа, спокојно отпи од својот чај, фрли поглед на рачниот часовник, а потоа и на врвулицата што зад излогот се движеше по тезгите.
Уште само да го испрати пликот со честитката што стоеше на масичката пред него. Адресирана на неговата сопствена, домашна адреса. За да има поштарот што да му донесе за празниците. Една честитка со идиличен мотив најубави, празнични желби. Освен скромната пензија што, за чудо, нему сосем му достасуваше.

Фотографија на Tomislav Osmanli.

Автор: Томислав Османли, пистаел 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Ристе Каланоски

Next Post

Гордана Петровска – Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

Next Post
Гордана Петровска – Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

Гордана Петровска - Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk