• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Гордана Петровска – Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

јануари 6, 2020
in На минување
Гордана Петровска – Речкоска: „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

Проф.Д-р Гордана Петровска-Речкоска од Охрид наша редовна читателка ја поканивме да одговори на неколку прашања кои отскокнуваат од пишувањето на порталите кај нас- но, затоа Публицитет.мк  е со ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА НЕШТАТА. Прочитајте: 

Ваша мисла водилка

-. „Одговори си на време, дали ќе оставиш нешто по тебе, за да нѐ те заборават пред време“

Потоплно го почитувам ова, и продолжувам успешно да го одржам ветувањето!

– Што ве прави среќни?

 Среќна ме прави љубовта кон Бога, и воопшто кон Човекот.

Среќна ме прави моето семејство потесно и пошироко! Среќна ме прават моите ученици и студенти, кои четири децении ги учев и воспитував, и се’ уште го правам тоа! Не ме забораваат – тоа е среќа!

Среќна ме прави возвратената љубов на онаа која јас ја давам несебично!

Среќна ме прави напредокот на моите деца, кои се брилијантни!

Среќна ме прави напредокот на моите ученици и студенти, кои сѐ мое вложено во нив, го продолжуваат успешно и насекаде во светот и ја претставуваат нашата Македонија!

Среќна особено ме прават осумтте очички на моите внуци од ќерка ми и син ми, кои светат со необичен сјај и покажуваат огромна љубов кон мене!

Мојата среќа е крунисана со секој топол поздрав и прегратка, која ја добивам од секој ме сретнува и ја знае мојата несебична душа, полна со љубов за сите!

81350004 508647233107148 2060726442492166144 n

Што мислите за пријателството? Можно ли е машко – женско пријателство?

Се родив, растев и живеам во земја каде важеше максимата „Другарството е ѕвезда, небото што го краси, немој да ја допираш да не се угасни!“

Го почитувам тоа, и благодарна и среќна сум на возвратената љубов и почит!

Искреното пријателство за мене постои! Можеби со промена на времињата некои работи се менуваат, но всадениот во мене родителски ген за почит, љубов, искреност е длабоко вкоренет!

-Препорачајте песна која Ве потсетува на времето кога сте се чувствувале најсреќни

Песните се мое друштво за поддршка на мојата среќа во многу мигови во мојот живот, ги има многу, но мојата најомилена песна е „Отвори ми бело Ленче…“, која во мене буди сѐ што ме воспитале моите прекрасни родители – татко ми Ристо, и мајка ми Ленче……..

Сѐ е речено…………

Порака за љубов, почит и благодарност за навек, која ја пренесов на моите ученици и студенти и сите луѓе кои ме сакаат и почитуваат.

 

 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Томислав Османли: „Честитка со идиличен мотив“

Next Post

Ногачески: За две години сработивме многу – најважно е што општината е отворена за сите

Next Post
Ногачески: За две години сработивме многу – најважно е што општината е отворена за сите

Ногачески: За две години сработивме многу - најважно е што општината е отворена за сите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk