Поради неисправни воздушни перничиња ќе треба да се поправат вкупно 5,8 милиони возила.
Toyota продолжува да одповикува возила, а овој пат на сервис ќе бидат повикани 5,8 милиони возила од кои 1,47 милион возила се од Европа. Станува збор за популарните неисправни воздушни перничиња Таката кои веќе одреден период во Америка се под “лупа” токму поради нивната неисправност.
Проблемот со овие воздушни перничиња е тоа што имаат неправилна експлозија, односно при судир кога треба да се отворат овие перничиња поради дефектот или се отвараат некоја секунда покасно или пак испуштаат метални и пластични парчиња директно кон патниците во автомобилот при што можат да нанесат сериозни повреди.
Но не се сите модели опремени со овие воздушни перничиња, всушност станува збор за моделите Corolla, Yaris, Hilux и Etios кои се произведени во период измеѓу мај месец 2000-та година и ноември месец 2001-ва година, како и од април 2006-та па се до декември 2014-та година.
Извор: www.rpm.mk