Форумот на жени на СДСМ денеска – недела ќе одржи голем и масовен 8-мо Мартовски марш во Охрид, најавуваат од партијата.
Маршот ќе започне од кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ на пресекот со ул. „Асном“ (кај поранешна Охридија) точно напладне во 12:00 часот и ќе продолжи кон центарот на градот.
По завршување на маршот, свои обраќања ќе имаат (редоследно):
– Цветанка Ласкова, Координаторка на Форумот на жени на СДСМ
– Оливер Спасовски, Генерален секретар на СДСМ
– Радмила Шекеринска, Заменик претседателка на СДСМ
– Зоран Заев, Претседател на СДСМ.
Осмомартовски марш е под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“.
Во Охрид се очекува да дојдат жени од цела Македонија, а во првите редови да бидат претставници на централното раководството на партијата СДСМ.
Публицитет.мк