Кукича е еден од најздравите Јапонски зелени чаеви.Тоа е всушност чај од гранчиња и од жиличките на листовите на Camellia Sinensis и се какрактеризира со исклучително свеж и пријатен мирис и вкус.
Карактеристики:
-не соджи кофеин што го прави подобен за употреба кај сите старосни групи од доенчиња до длабока старост
-содржи калциум 6 пати повеќе од кравјото млеко затоа се употребува при правењето оброци за деца
-содржи 2 ½ пати повеќе витами Ц од портокалот
-богат со витамини Ц,Б1,Б2,нијацин,а,полифеноли,флавоноиди и минерали (цинк,селен,бакар,магнезиум и флуорид)
-го намалува високиот крвен притисок
-го регулира метаболизмот
-ја помага дигестијата и доброто варење на храната
-помага кај болести на уринарниот систем
-помага при срцеви заболувања
-го намалува ризикот од некои типови на канцер(на кожа)
-заштитува од бактериски инфекции
-го намалува високиот холестерол
-ги согорува маснотиите
-го регулира празнењето на цревата(помага при опстипација-тврда столица)
-го забавува процесот на стареење
-помага при лекување на акни,кожни воспаленија и псоријаза
![Kukicha](images/Kukicha.jpg)
ПРИГОТВУВАЊЕ НА КУКИЧА – ЧАЈ ОД ГРАНЧИЊА
За забрзување на метабилизмот ,подобро варење на храната , елиминирање на маснотиите и регулирање на празнењето на цревата.
Овој чај се пие до 3 шољи во денот како замена за вода , најдобро после оброк ,без кофеински е што го прави подобен и за детска воздраст и за пиење во секое време во денот и ноќта .
Прибор што ви треба –
-Стаклен бокал од 750 мл.
-Сад за варење на чајот
-Цедалка
![caj nov](images/caj_nov.jpg)
Во садот за варење се става 700 – 750 мл . вода ( 3 шољи ) ладна вода . Во неа се става поголем прстофат од чајот (гранчињата ) или една кафена лажичка рамна (без капа ). Садот се става на рингла на најсилна температура .Кога чајот ќе почне да врие температурата се намалува на средна градација и се остава да врие уште само 1 -2 мин . и се исклучува но се остава се додека сосема не се смири варењето.Чајот се става во стаклениот бокал заедно со гранчињата и во текот на денот се испиваат тие три шољи односно целиот чај но при тоа чајот се остава во стаклениот бокал затворен со капак до следното попарување и ставање нов чај . Но ако сакате да го носите со себе чајот тогаш едноставно процедете го и гранчињата фрлете ги . Правило е тие да се оставаат во стакленит бокал од секој следно направен чај се додека не достигнат висина од 2 – 3 см . но сепак тоа е по ваша желба .
Прекрасен чај кој се пие и ладен и топол добар за одржување на цревната флора , за регулирање на маснотиите и богат со калциум а уште еднаш ќе нагласам добар за сите воздрасти .Особено се препорачува после по масни оброци ( месо , риба ….).
КУКИЧА чај за здравје и долговечност.
ЛОТОС ВИТА ЧИ
Публицитет.мк