Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајковски денеска претстави дел од проектите што планира да ги реализира доколку повторно ја добие довербата на граѓаните.
Тој пред медиумите вети дека ќе изгради плоштади во селата Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино, Ботун, Злести, Белчишта, Лешани и Велмеј, како и партерно уредување на речни корита во населените места Белчишта, Злести, Климештани и Волино. Трајковски уште рече дека општината со свои средства ќе изгради и видиковци и пешачка патека во излетничкиот локалитет „Сини Вирој“ кај селото Белчишта.
– ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови, туку зборови кои преминале во реализирани проекти. За развојот на Дебрца неопходно е во секој сегмент во секое село да се спроведат ветените проекти, ние започнавме од основните и најпотребните и ќе продолжиме. Ќе продолжиме со уште посилно темпо бидејќи тоа им го должиме на нашите сожители, рече тој притоа презентирајќи и дел од проектите релизирани во во неговиот досегашен градоначалнички мандат.
Извор: www.mia.mk