Утре (вторник) Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи на традициите од општините Охрид и Дебрца, локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ “Дебрца ” ќе организираат прослава во село Црвена Вода по повод 74 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.
Според програмата во 11 часот во Црвена Вода ќе има полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ.
Напладне свечена седница ќе одржи советот на општина Дебрца. Обраќање до присутните ќе има градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски а ќе следи настап на хорот и рецитаторската група на учениците од ОУ “Дебрца” од Белчишта.Предвидена е посета на спомен собата на НОВ и изложбениот салон на ликовната колонија.
Публицитет.мк