Денешниот тренинг членовите на двете групи од ракометната школа „Кире Лазаров 7 “ под менторство на тренерите проф. Наум Јамандиев и д-р Наташа Попоска – Карче го искористија за планинарење.
Младите ракометари тренираа издржливост но во исто време и се дружеа, се семееа и пееа.
– Нашата денешна маршрута беше од пред спортската сала „Билјанини Извори“ па се до селото Велестово. И покрај топлото време сите учесници се искачија до предвидената цел, и се вратија назад среќни и задоволни,но и уморни.На планинарењето учествуваа и неколку родители од членовите на школатa, вели за Публицитет.мк д-р Попоска – Карче.
Девизата на школата е дека ракометот не се сака само во сала, спортувањето треба да биде интересно и забавно.
Преку забава децата да се научат на дисциплина, тимска работа, издржливост- елементи кои го јакнат нивниот карактер и позитивното спортско размислување. Тоа беше и целта на денешното пешачење до Велестово.
Публицитет.мк