• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Трибина: Превенција од болести на зависност кај младите во Охрид

ноември 24, 2016
in Тикер

Црвен крст во борба против болестите на зависност. 

Во текот на месец ноември како месец на борба против болестите на  зависност (никотинизам, алкохолизам, злоупотреба на дрога), Црвен крст Охрид со своите обучени едукатори од редот на младите, реализира врснички едукации на тема зависности, во основните и средни училишта во Охрид и Дебарца.

Целта беше подигање на свеста во локалната заедница особено кај младите за постоењето на „болести на зависности“ во нашето опкружување.

Со истата цел но и како можност да даде одговори на многу горливи прашања, непознаници и дилеми по однос на болестите на зависност, своите активности во овој сегмент, Црвен крст Охрид ќе ги финализира со организирање на јавна трибина со локалните чинители на тема:  Превенција од болести на зависност кај младите во нашиот град.

За актуелните случувања, податоци и опасностите од болестите на зависност во рамки на нашата заедница свои излагања ќе имаат стручни лица од институциите кои ја третираат оваа проблематика.

За успешна и ефикасна превенција од болестите на зависност кај младите неопходна е вклученост на пошироката заедница:  родителите, просветните работници, претставници на невладините организации, медиумите кои ги покануваме за учество на  оваа јавна трибина што ќе се одржи утре (петок) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 13 ч.  

Да не бидеме само набљудувачи на проблемите со зависностите кај младите во нашето опкружување.  Сите можеме да дадеме свој придонес во превенирањето на болестите на зависност.ЗА НАШИТЕ ДЕЦА СЕ РАБОТИ!, велат од Црвен крст – Охрид. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Аптеката „Мерифарм“ со Avène дел од светската маркетинг акција „Црн петок“

Next Post

Трибина: Превенција од болести на зависност кај младите во Охрид

Next Post

Кандидатот за пратеник Љубен Арнаудов ја промовира програмата РЕАЛНО 2017- 2020 на ВМРО ДПМНЕ за Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk