Концертот е закажан за 25 јули на Античкиот театар најавија од АВАЛОН
Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја. Уникатноста на проектот, чија објава сме среќни вечерва да ја споделиме со вас, ќе допринесе за тоа.
За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар, објавија од Авалон продукција.
ZUCCHERO можеби е најпрепознатлив по својот карактеристичен блуз вокал со кој ги создаде хитовите како „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse” “Diamante”, “Il volo” и други.
Но ZUCCHERO е уникатен по тоа што е пејач којшто има зад себе остварено соработка со неверојатен број на исклучителни артисти, па всушност во Охрид ни доаѓа човекот кој во својата кариера соработувал со Miles Davis, Eric Clapton, Ray Charles, Sting, Texas, Queen, Peter Gabriel, Mark Knopfler, John Lee Hooker, Joe Cocker, Jeff Beck, Iggy Pop, Elvis Costello, Bryan Adams, Bono Vox, BB King, 2 Cellos, Ennio Morricone, Andrea Bocelli и други.
Освен нашите редовни спонзори за оваа година, концертот е помогнат и е под покровителство на Општина Охрид, како што ќе бидат и сите останати проекти што ќе ги работиме во овој град престојнава сезона.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај во 21 часот навечер.
Одиме понатаму,
Авалон Продукција
Публицитет.мк