На годинешниот натпревар Ноември – месец на науката кој се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје учениците Владимир Тодороски и Мартино Попоски под менторство на проф.Менка Ѓореска од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ го освоија првото место.
На третиот ден од манифестацијата Ноември – Месец на науката 2018, на 24 ноември (сабота) на Природно-математичкиот факултет во Скопје со свои експерименти се преставија учесници од средните училишта од Република Македонија во областите од Биологија, Географија, Математика и Хемија. Од областа на Географија учествуваа Владимир Тодоровски и Мартин Попоски, ученици од IV година, под менторство на Менка Ѓореска со геоморфолошката тема „Формирање на абразивен релјеф“.
Во експериментот беше претставено и објаснето формирањето на клифот Канео, едно од најпрепознатливите места на градот Охрид.За успешно претставениот модел, изведениот експеримент и покажаното знаење учениците освоија I место на натпреварот и со тоа уште еднаш го потврдија знаењето со неговата практична примена.
Публицитет.мк