На покана на директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски делегација на ОУ „Христо Узунов“ составена од наставници и ученици вчера посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето во Република Македонија со седиште во Скопје.
Посетена беше Агенцијата за супервизија на осигурувањето на РМ во која учениците беа запознаени со потребите од осигурување , видовите на осигурување и со начинот на осигурување. Потоа беше посетена и Комисијата за хартии од вредност на РМ.
.
Делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата Елизабета Чингаровска. Таа ги запозна учениците што се тоа хартии од вредност и како се тргува со нив. Учениците од двете институции добија прикладни подароци во книги и друг рекламен материјал.
Потоа беше посетена и канцеларијата на КД Фондови-повеќе стедење. Таму учениците дознаа што се тоа фондови и на кој начин може да се штеди во нив. Крајна дестинација им беше посетата на Народна Банка на Македонија односно музејската поставка на Нумизматичката збирка која ја поседва НБМ со што учениците и наставниците беа запознаени со паричните средства кои од минатото до денес се употребувале во Македонија се’ до незјината самостојност и сувереност. до Суверена самостојна Македонија.
Директорот Тони Симоновски изрази голема благодарност до сите посетени институции за нивниот прием и професионален однос во спроведување на посетите и секако за дадените нови сознанија кои се научија и ќе бидат од голема важност пред се’ за учениците.
Публицитет.мк