Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ -Охрид на учениците од предметна настава им се одржа предавањето на тема: „Заштита и самозаштита во случај на катастрофи“.
Во предавањето посебно се стави акцент на неопходни процедури и однесувањето на поединците во случај на земјотреси и поплави.
Презентацијата, збогатена со многубројни слајдови и снимки од реалните ситуации, како и конкретни препораки,го задржаа вниманието и интересот на наставниците и учениците на викоко ниво.
![crven 1](images/photos/crven_1.jpg)
Предавањето го одржа Али Самет, одговорно лице од одделот- Подготвеност и дејствување при катастрофи,на Црвен крст на Република Македонија.
Ова е уште една од многубројните активности која училиштето ја организира во соработка на Црвен крст- Охрид.
Публицитет.мк