Од 12-14 јуни во Гевгелија се одржа осмиот Меѓународен натпревар на млади пијанисти на кои учествуваа ученици од повеќе земји, а меѓу останатите од Македонија на натпреварот учество зедоа и Михаил Стојкоски и Матеа Стоев, ученици во класата на проф. Ана Булоска Рилкоска од ОМУ „Методи патче“ во Охрид.
Дел од жири комисијата која ги оценуваше учесниците беа: проф. Милица Шперовиќ- Рибарски, Македонија, проф. Драгомир Братиќ, Србија и проф. Маја Кастратовиќ , Словенија.
Михаил Стојкоски кој се натпреваруваше во прва категорија (2007) се претстави со композициите:
Кулау – Алегро бурлеско
Гедике – Пиеса
Кабалевски – Токатина
и освои прва награда.
Матеа Стоев која се натпреваруваше во втора категорија (2005) се претстави со композициите :
– Пезети – Престо
– Моцарт – Виенска сонатина бр.1, прв став
– Мартину – Колумбина танцува.
Таа ја освои втората награда во својата категорија.
Публицитет.мк