Црквите „Света Софија“ и „Свети Јован Богослов –Канео“ , локалитетот Плаошник, манастирот „Свети Наум“ во Охрид, како и старата градска архитектура, реката Дрим, Радожда и Калишта, се дел од местата каде што млади ликовни творци ќе создаваат дела во рамките на 13-от Ликовно-образовен камп „Вангел Коџоман“.
Триесетината млади ликовни таленти ќе сликаат и цртаат во различни техники, а по завршувањето на кампот, на 30-ти јуни ќе ги изложат своите дела. Создадените творби, во септември ќе бидат изложени и во галеријата во Кинотека на Северна Македонија.
Традиционалната ликовно-образовна манифестација се одржува во чест на ликовниот уметник академик Вангел Коџоман.
Публицитет.мк