На отворањето „На зајдисонце“ во Трпејца се сретнавме со уметникот – графичар Павел Целкоски.Ни кажа дека од Трпејца потекнуваат неговите родители и дека организаторите на оваа манифестација упорно го канеле да дојде на отвоање веќе 3 години.
– Ете коцките се поклопија и јас сум тука. Среќен сум што моите графики ќе имаат средба со многу за мене драги луѓе, но и луѓе со кои не се познаваме, ама уметноста ќе не спои. Во кусото интервју Целкоски зборува за времето при студирањето во Софија, за моменталните ангажмани и неговата врзаност со уметноста. Го прашавме и за чувствата кои му ги буди Охрид и Македонија се разбира, како и за идните планови.
Кој е Павел Целкоски ?
Роден на 22 мај 1986 година во Охрид,Република Македонија.
Во 2010 година дипломирал графика на Националната ликовна академија,во Софија,Бугарија во класата на доцент Јохан Јотов. Во 2012 година се здобива со титулата магистер по графика и станува член на Бугарскиот Сојуз на ликовни уметници во секторот за графика и илустрација.
Во 2014 г.Целкоски со уште тројца ликовни уметници го создаваат Ателјето за графика ПРИНТ НЕСТ.
Павел досега учествувал на многу изложби во Македонија и во Бугарија,Србија,Грција,Австрија,Италија,Кина,Арагетнтина итн. Денес живее и работи како слободен уметник во Софија.
Со клик на линкот подолу слушнето го аудио интервјуто во целост .
Публицитет.мк