• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Започна „На зајдисонце“ во Трпејца

јули 21, 2015
in Култура

Синоќа во Трпејца беше отворено четвртото издание на културно – забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца.

 

Во присуство на голем број туристи и жители на оваа крајезерска населба деветденвното дружење со културата, уметноста и  рекреативните содржини во името на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и покровителот општина Охрид, манифестацијата ја поздрави и отвори советникот Климе Шешо.

– Општина Охрид, со поддршката на вакви манифестации,покажува дека е цврста определена  да го помага развојот на руралните, а особено туристичките  средини. Покрај тоа што инвестираме во инфраструктура , финансиски и логистички ги подржуваме и културните настани, бидејќи сме свесни дека со тоа го подобруваме животот на жителите, а воедно ги збогатуваме алтернативните форми на туризмот, кои се атрактивни, особено за странските туристи.

Со оваа манифестација  се спојуваат  убавините на Трпејца  со активностите  на луѓето и се прави еден чудесен спој кој ќе внесе еден нов дух на оваа прекрасно место. Оние кои биле еднаш во Трпејца, повторно се враќаат, но не сами, туку со оние кои поверувале во нивните кажувања и убавите приказни.Со културниот настан „ На зајдисонце“ приказните стануваат уште поинтересни, а  се поголем е бројот на оние  кои доаѓаат во Трпејца за да се уверат во нивната убавина, рече Шешо

 

klime

„На зајдисонце“ го организира Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од Месната заедница и Црковниот одбор како и бројни спонзори и донатори од Трпејца, Охрид и Македонија. По чинот на отворањето присутните имаа можност да се запознаат со уметникот Павел Целкоски и неговите графики. Родителите на Целкоски потекнуваат од Трпејца. Тој во 2010 година дипломирал  графика на Националната ликовна академија,во Софија,Бугарија  во класата  на доцент Јохан Јотов. Во 2012 година се здобива со титулата магистер по графика и станува  член на Бугарскиот Сојуз на ликовни уметници во секторот за графика и илустрација. 

pavel 2 copy

Вечерта со својот настап ја збогати ансамблот „Билјана“. Тие , всушност се дел од оваа манифестација уште од самиот нејзин почеток пред четири години. 

Денеска- вторник,  започна Школата за пливање со професор Соња Думбалоска – Делова , а професор Габриела Неделкоска и годинава, од вечерва  ќе ја раководи Школата за англиски јазик. Во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути ќе биде прикажан документарниот филм „Тајните на Охридското Езеро“ а  за сопствените најнови подвизи ќе зборува меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од клубот „Амфора“ . 

 Публицитет.мк 

Посетеност: 182
Share
Previous Post

Ајкула нападна сурфер среде натпревар

Next Post

Уметникот Целкоски: Во Охрид и камењата дишат и зборуваат

Next Post

Уметникот Целкоски: Во Охрид и камењата дишат и зборуваат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 182

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk