Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Народниот Музеј на Велес во оваа институција во среда на 18 октомври од 19:30 часот ќе ја отворат самостојна изложба на Дејан Иванов Маргуш.
На изложбата со наслов „Космички пејзаж 3“ авторот ќе се претстави со 21 дело работени во комбинирана техника во која спонатано ја продолжува неговата сликарска енформелска преокупација. Тој го гради неговиот ликовен свет на спонтан, силно имулсивно но сепак лирски изведен апстрактен пејзаж. Темпераментниот гест е нагалсен и со тоа го доловува духовното расположение на авторот. Сликарот Иванов со полн психолошки набој, остана вљубеник во својот пејзаж и во својата енформелистичка иконографија. Нефигуралниот , апстрактен ликовен израз, е еден од белезите на наговата модерна ликовна уметност.
Публицитет.мк