Стручното жири на престижното „Биенале на Нациите“ во Венеција го награди уметникот Јордан Мансијески со наградата за квалитет “REPORTING QUALITY JURY PRIZE”,односно стил кој е тенденција за новите текови во уметноста.
Нашиот Манасијески кој одамна е познат и признат во светот на уметноста во и надвор од Македонија се најде меѓу 20 од вкупно 170 уметници кои жирито ги селектира и одлучи да ги награди.
Мора да се забележи дека оваа е една од позначајните награди кои го потврдуваат квалитетот и високите дострели во уметноста а кои го отсликуваат високото ниво на сликарството на Јордан Манасијески.
“Биеналето на Нациите” Венеција Арт Експо e дизајниран настан што инволвира современо сликарство , скулптура, графика, видеоарт и керамичка уметност и важи за голем светски настан. Целта е да се направи еден пресек на тенденциите и тековите на современата уметност презентирана од автори од целиот свет. Биеналето на Нациите се одржa во престижната палата “Scuola Grande di Santa Maria della Misericordia” од 16-19 Март 2018 година.
Селекцијата беше на кураторите на Биеналето Франческо Саверио Руссо, Сандро Серадифалко и Салваторе Руссо а поддржани од жири комисијата – уметничките критичари Марко Ребуци (Диоцезан Музеј Мантова), Ангело Креспи (критичар и публицист” IL Giornale OFF”) и проф. Лука Беатриче(поранешен куратор на Италијанскиот павилјон на 53 то Венецијанското Арт Биенале).
Еве и извонредна можност за љубителите на уметноста да уживаат во делото “Очекување” од сликарот Јордан Манасијески наградената слика на годинешната Интернационална изложба Биенале на Нациите во Венеција, ќе биде изложена наредните две недели во галерија „Букефал“ Охрид, вели сопственикот Љупчо Жупан кој е постојан промотор на творештвото на Манасијески по светот.
Публицитет.мк