Здружението на граѓани „Совест“ од Охрид очекува аргументирана расправа на трибината закажана за вечерва.
Трибината се организира со цел да се слушне гласот на стручната и пошироката јавност, за одредени урбанистички и архитектонски решенија, кои драстично го менуваат изгледот на градот. Уверени сме дека ваквите решенија ќе предизвикаат социјални и културни импликации, кои ќе имаат негативни последици врз целокупното живеење во Охрид.
Трибината ќе се одржи денеска – среда во големата сала на Општина Охрид со почеток во 18:30.
Публицитет.мк