• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

УНЕСКО: Повеќе од 800 милиони луѓе во светот се неписмени

септември 8, 2015
in Актуелно

Според податоците на УНЕСКО и други меѓународни организации, 757 милиони возрасни луѓе низ целиот свет, две третини од нив жени, сè уште немаат основна писменост.

Бројот на деца и адолесценти кои се надвор од училишниот систем е во пораст, со висина од 124 милиони, а околу 250 милиони деца на училишна возраст не успеале да ги совладат основните вештини за писменост дури и додека се во училиште.

И покрај обидите за напредок во целиот свет од 2000 година, кога беа донесени „Образование за сите (ЕФА)“ и Милениумските развојни цели (МРЦ), некои предизвици допрва треба да се надминат, велат од УНЕСКО. Во 2000 година, Меѓународната заедница вети дека ќе ги намали стапките на неписменост за 50 отсто до 2015 година, но, според Институтот за статистика на УНЕСКО (UIS), повеќето земји го пропуштиле рокот.

Предизвици, исто така, постојат во земјите со високи приходи. Според Европската мрежа за писменост, на еден од пет возрасни во Европа му недостасуваат вештини за основна писменост, на пример да разбере инструкции од шише со лекови.

Меѓународниот ден на писменоста се прославува низ светот на 8 септември за да се потенцира писменоста „како човеково право, како сила за достоинство, и како основа за смирување на општествата и одржлив развој”, вели генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, во својата порака по повод овој ден.

„Писменост е од суштинско значење за да се постигне целта да се промовира инклузивно и еднакво квалитетно образование и доживотно учење за сите”, додава Бокова .

Главниот настан за оваа година се одржува на Глобалната средба за писменост и одржливи општества, што се одвива во седиштето на УНЕСКО, во Париз на 8 и 9 септември, Средбата се одржува заедно со церемонијата за меѓународната награда за писменост. Меѓу учесниците на настанот се и заменик претседателот на Авганистан, Мохамед Сарвар Даниш, министерот за образование на Египет,Мохамед Махмуд Камел Ал-Рафеи и специјалниот известувач за правото на образование на Обединетите нации, Кишор Синг.

На состанокот учествуваат околу 100 претставници на Обединетите нации и влади, донатори, национални и меѓународни невладини организации, претставници од приватниот сектор и експерти од 34 земји. Клучна точка на дневен ред е промовирање на писменост кај млади и возрасни.

Учесниците на глобалниот состанок разговараат за идната визија за писменоста во 2030 година, истражувајќи начини за зајакнување на односите помеѓу одржливиот развој и писменоста, а кои треба да произлезат во цели што ќе бидат усвоени од страна на меѓународната заедница на Самитот во Генералното собрание на ОН кон крајот на овој месец.

Според зборовите на генералната директорка на УНЕСКО во нејзината порака:

„Ни треба поголема инвестиција и поефективни политики за да вградиме акција за писменост во рамките на пошироките развојни политики, со поддршка на иновативни механизми кои генерираат позитивни синергии во сите политички области, кои се од витално значење за градење на повеќе праведно и кохезивно општество. “

Извор: www.radiomof.mk 

Посетеност: 189
Share
Previous Post

СДСМ – Охрид со честитка до граѓаните и свежо цвеќе на паметниците во чест на 8 Септември

Next Post

Во Струмица на Фестивалот на камерен театар ќе се натпреварува и Охридскиот театар

Next Post

Во Струмица на Фестивалот на камерен театар ќе се натпреварува и Охридскиот театар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 189

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk