Денеска е поставена нова купола над оштетениот четврти реактор на атомската централа Чернобил, а таа конструкција ќе штити од надворешни влијанија и ќе спречува радијација во наредните 100 години.
„Денеска завршивме со поставување на конструкцијата во Чернобил“, клучна етапа на меѓународната програма која Чернобил треба да го направи посигурен и без опасности, соопштија француските компании „Винчи“ и „Боујгуес“ кои го реализираа проектот вреден 2 милијарди евра, главно финансиран од Европската унија
Нуклеарната централа во Чернобил поради вина на персоналот се прегреа и се запали во април 1986. година, што е досега најголема нуклеарна несреќа во светот.
По експлозијата на реакторот загадени се огромни области во Украина и Белорусија кои во тоа време беа дел од Советскиот Сојуз.
Загадувањето зафати и многу делови во Европа и предизвика паника засилена со молчењето на советските власти за природата и размерите на несреќата.
Првата заштитна обвивка над оштетениот реактор во Чернобил, со 400.000 кубни метри армиран бетон, е поставена по катастрофата и требаше да трае помеѓу 20 и 30 години, но првите работи на неговото засилување почнаа уште во 1999. година.
Новата купола ќе биде во употреба од крајот на 2017. година, по поставувањето на неопходна опрема. Во следната етапа треба да биде демонтирана старата бетонска заштита и да се отстрани радиоактивниот материјал од урнатините.
Извор: www.dw.com