Претседателот на Уругвај Табаре Васкез за кусо повторно и’ се вратил на лекарската професија. Тој помогнал во спасување на една млада девојка која почнала да се гуши во авион.
Хосе Луис Веига портпаролот на претседателот, за агенцијата АП рекол дека инцидентот се случил во понеделникот во авионот кој претседателот на Уругвај летал за Франција.
Во текот на летот пилотот во авионот во еден миг преку разгласот прашал дали во авионот има лекар?
Васкез и неговиот медицински тим станале и тргнале да помогнат.
Веига рекол дека 17 годишната девојка не можела да дише. Бидејќи состојбата не се подбрувала , Васкез и неговите соработници и дале инјекција која и помогнала.
Портпаролот додал дека инцидентот можел да заврши многу сериозно.
Девојката чиј идентитет не е откриен учествувала на турнир во хокеј во Аргентина и се претпоставува дека јадела храна од овошје со коска на кое била алергична.
Публицитет.мк