По повод Светскиот ден на првата помош 12-ти септември Црвен крст – Охрид утре ќе организира низа настани.
Од 10 до 15 часот на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе бидат презентирани вештини за укажување на прва помош.
Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала.
Под мотото: „Охрид спасува живот“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи крводарителска акција.
Акцијата се спроведува во соработка со Општина Охрид , а претседателот на Црвен крст – Охрид Сашо Точков упати апел до сите сограѓани да ја покажат својата хуманост и да даруваат крв.
Втора година со ред здружението „Мозочен удар“од Охрид утре на плоштадот ќе постави пункт на кој ќе се вршат бесплатни превентивни прегледи.
Публицитет.мк